Жан Митрев бара од странските амбасади да го следат судскиот процес против него и болницата

Докторот Жан Митрев и клиничката болница „Жан Митрев“ испратија писма до амбасадите на САД, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и до Делегацијата на ЕУ во државата со кои ги информираа за текот на истрагата во случајот против докторот и клиниката. Покрај информирањето со писмото се упатува повик за нивно внимание и поголем мониторинг на одвивање на целата истражна постапка и основаноста на обвинението, поради како што се наведува во соопштението на болницата „досегашното површно иследување на постапката“.

„Ви се обраќам со намера да ве информирам и запознам за случајот што верувам дека може да остави длабоки траги во општественото живеење, во перцепирањето на здравствената професија и случај што претендира да воведе лоша пракса во правосудниот систем во државата. Ваквите примери можеби се ретки, но и како такви може да предизвикаат штета со далекусежни последици”, стои во писмото до амбасадите и европското претставништво.

Митрев во писмото тврди дека болницата постигнала високи резултати во лекувањето на ковид-19, но и покрај тоа неговото име и дело, како што вели, се предмет на истрага која  се спроведува површно без да се навлезе во суштината.

 

Back to top button
Close