Жена тепала полицаец во центарот на Скопје

Полициски службеници од СВР Скопје ноќеска лишија од слобода 25-годишна жена од Гостивар, поради напад врз полициски службеник.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 1 февруари 2026 година, во 00:20 часот, на подрачјето на општина Центар во Скопје, приведена е Е.Б. (25) од Гостивар, откако физички нападнала полициски службеник при извршување на службени задачи.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок. објави Скопје1.мк

Back to top button
Close