Жерновски: 8 МЕСЕЦИ Мицкоски одбива да ја демантира веста дека барал бугарски пасош
Тргнаа властодршците во нов поход да ни докажуваат колкави патриоти биле.

Како? Преку предлог Законот за државјанства, со кој пратениците не може да имаат двојни државјанства. Секако, ова да не важи и за актуелниот состав, де.
Сега повторно околу нивниот капацитет, за кој упорно (ќе) зборувам.
На генијалците не им текна дека кога ја тераат јавноста да гледа кон парламентот, со тоа кажуваат друга многу поважна работа- НЕ ГЛЕДАЈТЕ ВО ВЛАДАТА! НИКАКО!
Зошто? Па зашто таму врие од бугари, од пробугари, од бугари со државјанство, како и од оние кои покренале постапка за поседување бугарски пасош, ама не стигнале да го извадат.
Кои се тие патриоти?
Па, ајде да почнеме со првиот, а зошто не и со вториот човек во Владата.
Поминаа 8 МЕСЕЦИ како Мицкоски упорно одбива да ја демантира веста која беше објавена во бугарски весник дека лично тој поднел барање за издавање на бугарски пасош. Според изворот, во 2008 година, премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, поднел барање до бугарското конзуларно претставништво во Скопјe за бугарско државјанство. Како што стои во текстот на медиумот, во тоа време генерален конзул на Бугарија во Македонија бил извесен Венцислав Цветанов. Бугарскиот медиум пишува и дека дел од роднините на Мицкоски имаат фирми во соседна Бугарија, додавајќи и дека снаата на премиерот има бугарски пасош.
Да постетам дека за да започнеш постапка за добивање на бугарски пасош, мора да се изјасниш дека се чувствуваш блгарин, дека имаш блгарско самочувствие, секако и СВОЕРАЧНО ДА ПОТПИШЕШ ДЕКА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е БУГАРИН, односно дека сите македонски дејци се Бугари.
Сега малку и за вториот човек во хиерархијата, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев.
Тој “машки и громогласно” 12 МЕСЕЦИ ја премолчува и не ја демантира веста објавена во бугарските медиуми дека е БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИН!
Понатаму, дека е сопственик на компанијата регистрирана во Бугарија, „Флугбан Транс” ДОО, кој својот бизнис го развива во Ќустендил од 2015 година. Ниту ја демантира веста како бугарското државјанство го стекнал повикувајќи се на тоа дека потекнува од семејство со длабоки корени во бугарското ослободително движење преку неговиот прадедо Димитар Јанушев, кој бил истакнат член на Внатрешната Македонско-Одринска револуционерна организација (ВМОРО).
Да не го заборавиме и сведокот за празниот буџет на државата, министерката за енергетика Сања Божиновска, која јавно призна дека била бугарска државјанка и која веќе 20 МЕСЕЦИ никако да се доконсултира со нејзиниот адвокат во врска со прашањето на новинарите дали сè уште има бугарска самосвест.
Ете, тоа се нашите ПАТРИОТИ. Нашите КОМИТИ, кои со документи за бугарски пасоши во раката се најревносните антибугари.
Комично?
Тргично?
ТРАГИКОМИЧНО!
П.С. “Имам чувство”, односно “гласините велат”, дека во наредниот период ќе се појават во јавноста наведените документи.
Андреј Жерновски





