Жичницата на Водно не работи поради силниот ветер

 


Жичницата која води од средно Водно до врвот, е надвор од употреба поради силниот ветер, соопштуваат од ЈСП Скопје.

Жичницата не работеше и во текот на вчерашниот ден.

„Ве информираме дека Жичницата не работи поради силниот ветер.

Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно.

Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, стои во соопштението на ЈСП Скопје.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close