Жиру се повлекува од репрезентацијата по ЕП 2024

– Светскиот шампион Оливие Жиру најави дека претстојните натпревари на Европското првенство ќе му бидат последни со националниот дрес на Франција. Во септември напаѓачот ќе наполни 38 години и веќе одлучи да не игра за „петлите“.

-Очигледно е дека ќе ми недостига репрезентацијата, но убеден сум дека моето време со неа треба да заврши по летото. Време е да им отворам пат на младите играчи, изјави Жиру за „Екип“.

Тој моментално ги поминува своите последни денови во Милан бидејќи треба да се приклучи на ФК Лос Анџелес.

Жиру за францускиот тим дебитираше во 2011 година и досега има 131 натпревар со 57 голови на нив.

Back to top button
Close