,Живи ќе изгоревме”, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали кај Сопиште


Целосно изгоре автобус на ЈСП, кој се запали кај Сопиште. Во него се превезувале десетина патници.

„Шоферот вика гориме. Се создаде паника. Почна да чади, имаше пламен. Среќа на шоферот му текна одма да ги отвори вратите и излеговме веднаш. Беше многу тесно. Една жена падна пред нас. Ние врз неа. Јас со торбите од пазар, ми останаа во автобусите, само да се спасам. Само што излеговме се слушна едно четири-пет пати како бомби. Пламен и дим имаше до горе. Страшно беше. Се возиме со автобуси крш. Крш! Колку пати на сред пат не оставаат, а сега и живи ќе изгоревме. Беше за секунда да излеземе. Нозете ми се фатија, едвај излегов, изјавила патничката Лила Младеновска за Сител.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close