Златен џебен часовник на најбогатиот патник на Титаник продаден за 1,2 милиони фунти

Златен џебен часовник кој му припаѓал на најбогатиот патник на Титаник, Џон Џејкоб Астор IV, е продаден на аукција за 1,2 милиони фунти.

Џебниот часовник од 14 каратно злато „Voltham“ го колекционер од САД кој ка понудил највисоката сума досега за кој било предмет од Титаник, пишува „Гардијан“.

Часовникот изгравиран со иницијалите JJA (ЏЏА) е пронајден со телото на Џон Џејкоб Астор IV, неколку дена откако Титаник потона.

„Астор е добро познат како најбогатиот патник на Титаник и се сметаше дека е меѓу најбогатите луѓе во светот во тоа време, со богатство од приближно 87 милиони долари, што е еквивалентно на неколку милијарди долари денес“, соопшти аукциската куќа „Henry Aldridge & Sun“.

Back to top button
Close