Златко Далиќ стигна до 100-тиот натпревар на клупата на Хрватска

Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Златко Далиќ во четврток по 100-ти пат ќе го предводи националниот тим. Хрватска на 9.октомври гостува во Прага кај селекцијата на Чешка во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026.

Јубилејниот натпревар Далиќ ќе го има точно на денот кога пред осум година го имаше и своето деби – 9.октомври 2017 година и дуелот во Киев против Украина.

Во својата кариера како селектор на досегашните 99 натпревари има постигнато 50 победи, а притоа Хрватска играше две финалиња и има освоено три медали. На светските и европските првенства има 21 натпревар и победи против големи репрезентации од рангот на Аргентина, Бразил, Англија, Шпанија, Франција, …

Back to top button
Close