ЗОИ: Кина во водство по кратката програма во уметничко лизгање во двојки

Кинеската натпреварувачка двојка во уметничко лизгање Суј Венцин и Хан Џан се првопласирани по денешната кратка програма, подобрувајќи го сопствениот светски рекорд на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг.

Олимписките вицешампиони од Пјонгчанг настапија со музика од филмот „Невозможна мисија 2“ и поставија нов светски рекорд, освојувајќи 84.41 поени.

На второто место, со мало заостанување (84.25 поени), се европските шампиони од 2017 и 2018, Евгенија Тарашова и Владимир Морозов од Русија, а на третото место се нивните сонародници и актуелнит европски прваци Анастазија Мишина и Александр Галиамов (82.76).

Слободната програма по која ќе бидат познати освојувачите на медали е на програмата утре

Back to top button
Close