ЗОИ: Прво хокеарско злато во историјата за Финска

Финска за прв пат во историјата ја освои титулата олимписки првак во хокеј на мраз, совладувајќи ја во денешното финале на Игрите во Пекинг репрезентацијата на Русија со 2-1 (0-1, 1-0,1-0).

Финците со пресврт ги симнаа од тронот олимписките победници од Пјонгчанг 2018, откако Русите поведоа со голот на Михаил Григоренко во првата третина.

Виле Пока го израмни резултатот со удар од далечина во втората третина, а златото на Финците им го донесе Ханес Бјорнинен во 41. минута.

Во дуелот за бронзениот медал, Словачка ја совлада Шведска и го освои својот прв олимписки медал во хокеј.

Back to top button
Close