Золфагари: Иран нема да дозволи САД да се мешаат во управувањето со Ормуска Теснина

Иран денеска предупреди дека нема да им дозволи на САД да се мешаат во управувањето со стратешката Ормуска Теснина.

– Техеран под никакви околности нема да дозволи САД да се мешаат во управувањето со морскиот сообраќај низ Ормуска Теснина, изјави портпаролот на иранските вооружени сили, Ебрахим Золфагари.

Тој потенцираше дека секоја соработка помеѓу земјите од Персиски Залив и САД за Ормуска Теснина, Техеран ќе го смета за „чин на војна“.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека САД ја преземаат контролата врз Ормуска Теснина и ќе наплаќаат за заштита на мореузот.

– Ќе ја задржиме Ормуска Теснина и веројатно ќе управуваме со неа. Ќе станеме чувари на Теснината. Можеби тоа ќе го наречеме ангел чувар на Ормуска Теснина. И треба да ни биде платено за тоа, истакна Трамп.

Според него, САД, како чувар на Ормуска Теснина, ќе добие многу пари.

– Ќе ни биде надоместено бидејќи другите земји се многу богати. Тие се на наша страна и не може да се очекува од нас тоа да го правиме бесплатно, посочи Трамп.

Back to top button
Close