Зошто кафето се служи со чаша вода? Одговорот ќе ве изненади
Во различни делови на светот, навиките поврзани со пиење кафе значително се разликуваат, но денес е речиси вообичаено со секоја шолја кафе да добиете и чаша студена вода
Сепак, има места каде што ова не е стандардна практика – и доколку побарате вода со кафето, ќе ја најдете на сметката.
Иако култот кон кафето започнал уште во 16 век и бил веднаш прифатен од Турците и Грците, Западна Европа овој ритуал го усвои дури на крајот од 19 век. Она што е интересно е дека првобитната цел на водата која се служи со кафето не била за пиење.
Во тоа време, жените често се жалеле дека по мешањето на кафето, лажицата останува валкана од пената. Немало каде соодветно да ја остават, па завршувала на работ од послужавникот – нешто што се сметало за непристојно и неелегантно.
Како решение, угостителите започнале да сервираат чаша вода за гостите да можат да ја исплакнат лажичката пред да ја остават на послужавникот. Овој гест не бил поврзан со освежување, туку со естетика и пристојност.
Сепак, значењето на чашата вода се менува со развојот на урбаните водоводни системи во 1873 година, кога кафулињата започнале да добиваат вода од чисти планински извори. Со тоа, водата покрај кафето станала симбол на квалитет – доказ дека и самото кафе е приготвено со чиста изворска вода.
Во денешно време, чаша вода покрај кафето се смета за знак на културна угостителска услуга. Иако голем број кафулиња и ресторани ширум светот ја нудат автоматски, има и такви места каде што ќе мора посебно да ја побарате – и ќе ви биде пресметана дополнително (trn.mk)