“Зошто ни нанесувате дополнителна болка?” Родители на убиените деца во масакрот во Белград револтирани од навредлив текст во “Данас”

Мајка на убиено девојче во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград напиша отворено писмо кое го објави на својот Фејсбук профил:

Таа напиша дека од пред неколку дена има проблеми со спиењето и дека нешто постојано ја стега во грлото, по неодамна објавената статија во весник.

„Ќе цитирам само некои делови од текстот, иако целиот текст е крајно навредлив и без некоја посебна поента, но нѐ повреди сите нас родители на убиените деца и Драган (убиениот чувар н.з..) до степен до кој чувствувам потреба и јавно да се обратам.

Цитирам:

„Некои родители на тие кутри деца решија да го поткопаат секој обид да се дојде до вистината. Секој што ќе се побуни, против нив, ќе биде линчуван. На мрежите или медиумите. Изгледа само тие изгубиле некого. така што тие станаа недопирливи“.

Дали Мира (авторката на текстот н.з.) или некој друг во оваа земја навистина мисли дека вистината за околностите на овој ужасен масакр ѝ е поважна нејзе или на кој било член на анкетната комисија отколку на нас родителите?

Кој од нас, родителите на убиените деца, повика некого на линч?

Барам конкретни примери од авторот и уредникот на Данас, кој ја одобри оваа публикација, криејќи се зад одрекувањето на крајот од текстот, бидејќи доколку дозволите објавување на такви тврдења, мора да обезбедите и докази за истото. Инаку која е разликата помеѓу Данас и кој било таблоид?

Ние, родителите на убиените деца, јасно го кажавме нашиот став дека не сме за укинување на анкетната комисија, но сметаме дека во оваа фаза од истрагата не е добар момент и може да и наштети на самата истрага. Обвинителството треба да го води овој случај, а не анкетната комисија. Тоа барање го поддржавме со конкретни аргументи, но не забележав дека некој медиум го објави. Дали го прочита нашето барање и авторитетот на анкетната комисија пред да го извади пенкалото и така да не навреди? Очигледно не.

Понатаму цитирам:

Дали клинецот заслужи доживотна казна? И дали казните се единствениот начин да се спречи криминалот?”

Авторот на текстот на ладнокрвниот убиец на девет деца на возраст од 11 до 13 години и на Драган го нарекува “клинец” и се ужаснува од можноста тој да остане доживотно затворен. Што да правиме, да оди да го повтори делото, следниот пат со уште многу жртви..?? Дали навистина сега се прашуваме дали такво чудовиште треба да се ослободи, да ни биде сосед и да продолжи да оди на училиште како ништо да не се случило? Дали авторката би живеела во иста зграда со масовен убиец или би ги испратила своите најблиски во истото училиште со него?… Како некој што живее во Америка со години, нема ни да коментирам за праксата на репавање такви случаи таму но авторката очигледно има ни трошка знаење ниту за тоа.

Немам сила да цитирам понатаму…

Единствено што сакам да направам е да ги прашам сите овие стручњаци од општа пракса, кои удобно седат во своите фотелји и мислат дека нивното мислење е важно: Зошто ни го правите ова ? Наместо да не оставите нас родителите на убиените деца и и семмсјтвото на Драган да тагуваме за болката која се надевам дека никој од вас никогаш нема да ја почувствува, вие секојдневно нè таргетирате како целосни дилетанти и многу лоши луѓе. Тоа многу нè боли сите и води до состојба во која болката повеќе не може да се издржи“, напишала мајката на убиеното девојче.

 

Членовите на семејството поднеле тужба против Коста К. и неговите родители

Во меѓувреме, членовите на семејствата на убиените деца во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, вкупно 27 лица, поднеле приватна тужба против Коста К.(14) и неговите родители за нематеријална штета, јавува Блиц.

– Тужбата е поднесена за надомест на нематеријална штета за претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице, како и за претрпениот страв. Исто така, со оваа тужба се бара и паричен ануитет, односно идна исплата на одредена сума пари од денот на пресудата и додека условите за ова траат – и тоа на име идна нематеријална штета за претрпена болка поради смрт на блиска личност – според нашиот извор.

Back to top button
Close