10 и 13 години имале децата што силувале 8-годишник во Скопје. Нема да одговараат кривично,немаат 14 години

Само 8 години било старо детето кое било силувано од двајца други малолетници, дознава Телма од извори во истрагата за ова злосторство. Напаѓачите односно силувачите имале 10 и 13 години. Тие грозоморниот чин го снимале на мобилен и потоа го праќале на своите другарчиња. За среќа видеото не е објавено на социјалните мрежи. Кога дознала, мајката на силуваното дете веднаш го пријавила случајот во полициската станица Битпазар.

Преземени се соодветни мерки и активности и веднаш во полициската станица извршен е службен разговор со малолетниците, но и со родителите затоа што станува збор за малолетници кои се под 14 години. Случајот е документиран и поднесен е соодветен поднесок до обвинителство. Отсега случајот е во надлежност на Основното јавно обвинителство и Центарот за социјални работи, вели Тони Ангеловски, портпарол на МВР Бидејќи силувачиите се помали од 14 години против нив неможе да се покрене кривична одговорност објаснија од обвинителството. Со силувачите и силуваното дете о со нивните родители ќе работат социјалните служби.

Back to top button
Close