138 нови случаи на ковид 19, оздравени се 144, a починати се 7 лица

Во последните 24 часа се направени 1621 тестирања, а регистрирани се 138 нови случаи на ковид-19 во: – Скопје 47 – Куманово 17 – Дебар 10 – Штип 16 – Прилеп 2 – Тетово 2 – Велес 5 – Битола 5 – Охрид 2 – Кавадарци 1 – Гостивар 10 – Крива Паланка 1 – Кочани 5 – Пробиштип 1 – Демир Хисар 1 – Македонски Брод 6 – Виница 2 – Кратово 1 – Кичево 3 – Ресен 1

Починати се 7 лица, две пациентки од Скопје (64 и 67 години), пациентка од Македонски Брод (53г.), пациентка од Кичево (41г.), пациент од Битола (27г.), пациент од Дебар (78г.) и пациент од Штип (64г.). Шест пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 144 оздравени пациенти од: – Скопје 105 – Штип 9 – Прилеп 2 – Тетово 4 – Велес 1 – Битола 5 – Гостивар 1 – Кочани 4 – Пробиштип 1 – Демир Хисар 2 – Берово 1 – Кичево 7 – Ресен 2 Досега во земјата се направени вкупно 103938 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10891, бројката на оздравени пациенти е 6698, на починати е 493, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3700.

Back to top button
Close