Администрацијата на Трамп ќе објави снимки од мистериозно НЛО
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе го објави најновиот пакет владини документи и снимки за неидентификувани летачки објекти (НЛО), пишува „Дејли меил“.

Министерството за војна ќе објави околу 40 документи и три видеа, меѓу кои се издвојува видео од Блискиот Исток од 2020 година во кое објект лета над предниот дел на воен брод.
Меѓу досиејата е првата целосна копија од извештајот од 1953 година на инженерот Кларенс, дизајнер на авионите U-2 и SR-71.
Џонсон во извештајот навел дека црниот, елиптичен објект лебдел неподвижен западно од неговиот ранч во Калифорнија најмалку три минути, а потоа исчезнал со голема брзина, објави „Дејли меил“, кој имал пристап до документите.
ЦИА предупреди во документите од август 1952 година дека јавното знаење за интересот на агенцијата за летачки чинии може дополнително да ја зголеми јавната загриженост.
Многу од овие написи се однесуваат на ранчот „Скинвокер“, кој милијардерот од Лас Вегас, Роберт Бигелоу, го купи во 1996 година за околу 200.000 долари по претходните извештаи за необични настани, а за кој беше објавена книга во 2005 година.
Тој текст го привлече вниманието на научникот од Агенцијата за одбранбено разузнавање, Џејмс Лакаки, кој го посети ранчот во 2007 година, а подоцна пријави дека видел објект што лебди во кујната.
Ова е осмиот пакет документи откако Министерството за војна започна во мај објавување од архивите за НЛО, со што бројот на објавени датотеки се искачи на над 500, а службениците најавуваат нови објавувања по налог на Доналд Трамп, додека разгледуваат десетици милиони документи.






