14-годишно момче пронајдено починато на игралиште во Германија, се трага по осомничениот

14-годишно момче е пронајдено мртво денеска на игралиште во Менден, Хаген, а главен осомничен е 17-годишник по кој се трага, изјави портпаролот на полицијата во Хаген, Себастијан Хиршберг.

Насилникот се уште е во бегство, а полицијата трага по него, а во големата потера се вклучени и хеликоптери, објави Билд.

Весникот пишува дека момче (17) дошло на училиште со пиштол и ја барало својата поранешна девојка, која има 15 години.

(4news.mk)

Back to top button
Close