Уште еден пациент на Инфективна почина од западно нилска треска
Пациент од Скопје (70 годишен) е десеттата жртва на вирусот на западно нилска треска во Македонија

Тој викендов починал на Инфективната клиника каде лекарите се бореа за неговиот живот повеќе од еден месец, соопшти денеска на прес-конференција директорот на Инфективна клиника, Фадил Цана.
До сега се регистрирани вкупно 70 случаи на заразени со вирусот.
Починаа вкупно 10 пациенти, девет од Скопје и еден од Куманово, главно повозрасни лица со повеќе коморбидитети.





