Влегол во стан и се обидел да украде куфери со пушки и муниција – Полицијата го фатила на лице место

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.К.(39) од с.Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба во обид“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

На 05.11.2026, пријавениот влегол во станот на В.Р., при што се обидел да одземе два куфери со ловечки пушки и муниција, кое В.Р. го поседувал со дозвола.

Во меѓувреме дошол В.Р. и забележал дека му фали оружјето и пријавил, по што полициски службеници излегле на местото, го пронашле пријавениот и од него било одземено оружјето.

Back to top button
Close