21-годишен пешак тешко повреден откако бил удрен од автомобил во Гостивар
21-годишен гостиварец се здобил со тешки телесни повреди откако бил удрен од автомобил на булеварот „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар.

Според информациите од МВР, несреќата се случила на 18 октомври во 20:10 часот. Во пешакот удрило патничко возило „шевролет спарк“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 69-годишен жител на селото Неготино, гостиварско.
Повредениот бил пренесен во Ургентниот центар во Гостивар, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. На местото на несреќата увид извршила екипа на ОВР Гостивар.






