21 нов случај на ковид-19, оздравени се 7, а починато е едно лице
Во последните 24 часа се направени 4 370 тестирања, а регистриран е 21 нов случај на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Новите случаи се во: Кичево – 6, Скопје и Тетово – по 4, Прилеп – 2, Битола, Велес, Дебар, Куманово и Охрид-по 1.
Регистрирани се 7 оздравени пациенти од: Скопје – 4, Кичево – 2 и Струмица – 1.
Пријавено е 1 починато лице од Куманово (72г),кое битката со вирусот ја загубило во болнички услови.
Активни се 438 случаи: Каква е состојбата по градови?
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155 528, бројката на оздравени пациенти е 149 619, на починати е 5 471, а бројот на активни случаи изнесува 438.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 68 608, Активни 189
- Куманово 8 868, Активни 53
- Прилеп 8318, Активни 33
- Тетово 7 230, Активни 27
- Битола 6 304, Активни 18
- Велес 5 470, Активни 3
- Гостивар 5180, Активни 15
- Кавадарци 5 153, Активни 0
- Охрид 5010, Активни 18
- Штип 4 959, Активни 2
- Струмица 4 113, Активни 6
- Струга 2 981, Активни 4
- Кочани 2 791, Активни 4
- Кичево 2 577, Активни 25
- Гевгелија 2 195, Активни 3
- Неготино 2 184, Активни 4
- Свети Николе 1 523, Активни 2
- Ресен 1 234, Активни 1
- Крива Паланка 1 222, Активни 2
- Радовиш 1 161, Активни 7
- Берово 1 029, Активни 0
- Делчево 972, Активни 4
- Дебар 941, Активни 2
- Виница 886, Активни 5
- Пробиштип 789, Активни 0
- Валандово 666, Активни 1
- Богданци 494, Активни 0
- Крушево 490, Активни 1
- Демир Хисар 400, Активни 3
- Демир Капија 396, Активни 0
- Кратово 376, Активни 3
- Македонски Брод 359, Активни 1
- Пехчево 268, Активни 0
- Македонска Каменица 249, Активни 2
- Дојран 132, Активни 0