34 казни доживотен затворза напаѓачот во училиштето на Флорида

Напаѓачот во училиштето во Паркленд, Флорида, 24-годишниот Николас Круз е осуден на 34 казни доживотен затвор без можност за помилување, откако семејствата на 17 убиени жртви сведочеа дека станува збор за злобно лице, кукавица, монструм и нечовек.

Судијката Елизабет Шерер определи 34 доживотни казни за Круз. Седумнаесет за секое убиено лице и уште толку за секоја повредена личност во масакрот извршен на 14 февруари 2018 година во предградието Форт Лодердејл.

По тримесечното судење, поротата на 13 октомври соопшти дека со 9:3 гласови го осудува на смртна казна. Но, законот на Флорида бара едногласнот за да се спроведе таква казна, па судијката Шерер му изрече доживотна.

Back to top button
Close