За 7 години во Грција убиени над 100 жени од своите партнери
Во последните седум години, 114 жени во Грција биле убиени од нивните партнери, според официјални полициски податоци за периодот од 2020 до 19 ноември 2026 година.

Од јануари до октомври, регистрираните случаи на семејно насилство врз жени биле 15.582, или во просек над 51 дневно.
И мажите стануваат жртви на семејно насилство, бидејќи 5.865 мажи биле жртви на вакви дела од почетокот на годината. Една година претходно, имало повеќе – 6.189.
Според податоците, девет жени биле убиени од нивните партнери во 2020 година. Една година подоцна, бројот се зголемил на 23, а во 2022 година достигнал 24. Оваа година биле убиени 13 жени.
Август е месецот со најмногу регистрирани случаи на семејно насилство, според податоците.
Во однос на бројот на апсења на сторители, грчката престолнина го држи првото место со 4.167 уапсени мажи.
Вкупно 66 центри се отворени низ цела Грција за давање помош во случаи на семејно насилство.






