360 Степени на 4 ти мај објави дека председателот одбил да ја помилува Катица Јанева. Потврди и кабинетот на председателот

Катица Јанева, поранешната шефица на згаснатото Специјално јавно обвинителство, експретседателот на Основниот кривичен суд во Скопје и бизнисменот Сеад Кочан пред извесно време испратиле барање за помилување до претседателот Стево Пендаровски, но биле одбиени од шефот на државата, објави „360 степени“ на 4 мај

Денеска дел од медиумите, повикувајќи се на извори од Комисијата за помилување, кое е редовно работно тело во рамките на кабинетот на претседателот на државата, неофицијално, објавија дека поранешната специјална обвинителка се наоѓа на списокот на осуденици кои ја чекаат одлуката на Пендаровски за помилување.

Сепак и медиумите кои ја пласираа денеска оваа вест со додавка дека врз председателот се вршеле притисоци и за помилување не само на Јаневска туку и на други „политички звезди“ пред малку го објавија денешниот став на председателот Пендаровски дека тој одбил да ја помилува Јаневска и дека одлуката официјално ќе се објави на 19 ти месецов, односно ја потврдија веста на 360 мк објавена на 4 мај дека Пендаровски одбил да ги помилува Катица Јанева,Владимир Панчевски и Сеад Кочан.

Од кабинетот на председателот Пендаровски денеска соопштија и дека и комисијата за помилување донела негативно мислење за барањето на Јанева да биде помилувана.

 

Back to top button
Close