Оставки од Спасовски и Димовски од АНБ за случајот „Онишченко“ бара Николовски

Пратеникот во Собранието и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска на прес-конференција обвини дека Агенцијата за национална безбедност (АНБ) наместо државна институција е претворена во партиско приватна институција која е подредена за личните и партиски интереси и побара одговорност и оставки од директорот на Агенцијата, Виктор Димовски и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за случајот „Онишченко“.

„Виктор Димовски и Оливер Спасовски треба да понесат одговорност за давањето на Македонско државјанство на белосветскиот криминалец – Украинецот Онишченко, кој е на црна листа на САД, а по кој официјално трага и Украина. Никакви суспензии на службеници не може да ја тргнат вината од Спасовски и Димовски. Покрај тоа што Онишченко е на црна листа на САД, тој е и лице по кое има потерница од страна на Украина, имено на веб-страницата на МВР на Украина стои името и податоците токму  на ова лице. Овие податоци морало да бидат проверени од АНБ и МВР“,рече Николоски.

Пратеникот потенцираше дека министерот за внатрешни работи Спасовски не може да избега од одговорност за овој случај, исто како што, според Николоски, не може да избега од одговорност и од случајот со издавањето на македонски пасоши под лажни имиња на странци со криминални досиеја.

Не може да избега од одговорност за издадените пасоши на Шкаљарците, Седат Пекер и редица други белосветски криминалци кои што гледаме се убиваат помеѓу себе со македонски пасоши. Очигледно Оливер Спасовски преферира лица кои се на црната листа на САД за бизнис соработка. Оливер Спасовски како министер за внатрешни работи директно ја загрозува нашата, но и безбедноста на нашите сојузници од НАТО и ЕУ“,рече Николоски додавајќи дека со тоа министерот за внатрешни работи „директно ја загрозува нашата, но и безбедноста на нашите сојузници од НАТО и ЕУ“.

Тој истакна дека од опозициската партија очекуваат надлежните институции да му го одземат државјанството на Онишченко, а Спасовски и Димовски да поднесат оставк

Не може македонските безбедносни служби наместо за сузбивање на криминалот, заштита на уставно правниот поредок на Македонија да се користат за поддршка и логистика на белосветски мафијаши“,порача Николоски.

Пратеникот на опозицијата повторно обвини дека партијата е следена и прислушувана од Агенцијата за национална безбедност со месеци, а можеби, како што рече, и со години и дека за тоа имаат кредибилни информации.

„Пред еден месец јавно истакнав дека АНБ се злоупотребува и дека се врши прислушување и следење на врвот на опозицијата. На тоа нема никаков демант ниту реакција, напротив АНБ мистериозно знае кој каде оди и со кого комуницира од врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме следени со месеци за тоа имаме кредибилни информации, а можеби и со години“,посочи Николоски.

Најдобар доказ за тоа, како што додаде се „пропустите во низа“, а како клучни ги наведе, не именувањето на директор за внатрешна контрола во АНБ и задолжителното полиграфско тестирање на вработените.

„Петнаесет месеци не се спроведува членот 53 и членот 54 од Законот за АНБ. Со не именување на шеф на внатрешна контрола има отсуство на надзор врз мерките кои АНБ ги спроведува против опозицијата како и испитување на конкретни случаи како оној со Онишченко. Кој сега во отсуство на шеф на внатрешна контрола ќе изготви вонреден извештај за пропустите во вршењето на безбедносната проверка? Да ве потсетам дека така почнува судирот во безбедносните служби, кога СДСМ реши да не направи кворум на својот директор Виктор Димовски на седницата за контрола на работата на АНБ и АР, кога требаше да се избере директор за внатрешна контрола. Затоа што веројатно клановите во рамки на СДСМ, кои што сакаат да ја контролираат АНБ не можеа да се договорат помеѓу себе. И така АНБ 14 месеци нема директор за внатрешна контрола и никој не го спроведува контролирањето во АНБ иако тоа е клучен сегмент и не случајно собраниската комисија дава дозвола за предлогот“, рече пратеникот

Николоски го обвини шефот на АНБ дека три години не го спроведува и членот од Закон  кој се однесува на задолжително полиграфско тестирање врз вработените во АНБ што е основен законски услов да се стекне работен однос во службата.

„Три години нема одговор колку од 381 вработен во АНБ поминале полиграфско тестирање за проверка на професионалниот интегритет, а колку се покажале недостојни за вршење на службата заради негативен полиграф“,изјави пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Back to top button
Close