Арсовска до Мицковски- Дали со Орце Тодоровски обвинет за „Делчевски ниви’ договаравте купување 150 автобуси од Унгарија

Градоначалничката Данела Арсовска упати јавни прашања до Мицковски и ВМРО ДПМНЕ. Таа го прашува Мицковски дали заедно со Александар Николовски неодамна имале средба со Заев и Филипче во ресторан во Малешевијата и наводно разговарале за уставните измени. Арсовска го праша Мицковски и ова

– Дали Христијан Мицкоски со неговиот директор на штаб Орце Тодоровски, инаку притворен и првообвинет во случајот „Делчевски  ниви“, договараа набавка на 150 автобуси од Унгарија?

– Дали Христијан Мицкоски и неговиот актуелен шеф на штаб, Ивица Томовски, преку негови фирми е единствен подобен за одржувањето и чистењето во општините, училиштата и претпријатијата каде ВМРО-ДПМНЕ е власт?

– Дали Христијан Мицкоски со Ковачевски имал тајна средба во еден скопски локал?

– Дали е точно дека Христијан Мицкоски има истрага во ОЈОГОКК за криминал со хидроцентрали кој се држи во фиока?

– Дали е точно дека брат на член на обезбедувањето на Христијан Мицкоски, сопственик на фирмата „Моби Саунд“, е единствен организатор на манифестации во општините каде власт е ВМРО-ДПМНЕ?

– Дали е точно дека Игор Јанушев, другар на Христијан Мицкоски и актуелен пратеник, како директор на ЈСП, склучил штетен, речиси криминален договор со фирмата „Маратон” за рекламирање на автобусите на ЈСП, и дали е точно дека од овој бизнис се делат и провизии?

Back to top button
Close