Меркел си ги признава грешките.Требаше порано да реагираме на агресивноста на Русија

Коментарите на Меркел се однесуваат на руската окупација на украинскиот полуостров Крим во 2014 година, кога земјите на НАТО се согласија да потрошат два oтсто од својот бруто домашен производ за одбрана.

Германија ги зголеми своите трошоци наменети за НАТО, но сѐ уште не ја достигна целта од 2 отсто – рече Меркел.

Таа, сепак, не жали за нејзината поддршка за изградбата на германско-рускиот гасовод „Северен поток

2″.Забрана на проектот опасно ќе ги влошеше односите со Русија – вели Меркел.

Освен тоа, според неа, зависноста на Германија од рускиот гас не е само резултат на проектот за заеднички гасовод. Таа произлегува и оттаму што гасот обезбеден од Норвешка,Велика Британија и Холандија не ги задоволува германските потреби, jaви ДПА.

Back to top button
Close