4 возила утрово се судрија кај Железничка,повредени нема

Несреќата се случила во 8 часот утринава, а според информаците од полицијата нема повредени лица

ФОТО: МИА

Сообраќајна несреќа меѓу четири возила утрово е причина за метеж на улиците околу Железничката станица во Скопје.

Несреќата се случила во 8 часот утринава, а според информаците од полицијата нема повредени лица.

Од Министерството за внатрешни работи ја потврдија информацијата за МИА.

„Изутринава во осум часот на раскрсницата на булевар ’Кочо Рацин’ со булеварот ’Кузман Јосифовски Питу’,  пријавена е сообраќајна незгода помеѓу четири возила. Нема пријавено повредени лица“,велат од Министерството за внатрешни работи за МИА.

Оттаму додаваат дека во моментов се врши увид на местото на несреќата.

Претходно на оваа крстосница не работеа семафорите во ниту еден правец што беше причина за голем сообраќаен метеж.

Back to top button
Close