Синдикалната минимална кошница во септември достигна 69.432 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец септември 2026 година изнесува 69.432 денари, што претставува зголемување од 757 денари во однос на август, кога таа изнесувала 68.675 денари.
Доколку во пресметката се вклучи и трошокот за изнајмен стан од 60 квадратни метри, потребниот месечен износ за едно домаќинство достигнува 84, 807 денари.
Според структурата на новата синдикална минимална кошница, најголем дел од месечните трошоци отпаѓа на храна и пијалаци, за кои се потребни 25.259 денари, односно 36,4 отсто од вкупната кошница.
Следуваат образованието со 7.192 денари или 10,4 отсто, облеката и обувките со 6.799 денари (9,8 отсто), како и станарината, водата, електричната енергија и греењето со 6.379 денари (9,2 отсто).
Извор: 4news.mk






