Левица: Игнорантниот Мицковски прашува :Каде има корупција? Рокас му одговара: Во вашата власт премиере


🤕На денешната заедничка прес-конференција, Христијан Мицкоски се обиде уште еднаш да ја продаде својата верзија на реалноста, фалејќи се дека „имаме подобар извештај од минатата година“ и дека Македонија бележи „најдобри резултати за реформи и раст“. Но, неговата самофалба доби непријатен демант од европскиот амбасадор Михалис Рокас, кој уште на почетокот од своето обраќање јасно порача: НЕ Е ПОСТИГНАТ НИКАКОВ НАПРЕДОК ВО БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА!
‼️Тој експлицитно порача дека се потребни ефективни истраги и гонења, особено за корупцијата на високо ниво, конкретни антикорупциски мерки и заштита на независноста на судството. Ова не е дипломатска формулација за некаков иден предизвик, туку јасна констатација дека власта не испорачала резултати во еден од најважните столбови на демократската држава. Мицкоски можеше да зборува за раст и реформи колку што сака, но не можеше да ја премолчи непријатната оценка што стоеше меѓу него и евроамбасадорот – нула напредок во борбата против корупција!
🚨Трагикомично е што истиот тој Мицкоски пред само неколку дена тврдеше дека корупцијата е „политичка флоскула“ и прашуваше „каде има корупција?!“. Денес, на прес-конференција со европскиот амбасадор, доби одговор што не можеше да го контролира, релативизира или претвори во уште една самофалба.
📣Наместо да прашува каде е таа апстрактна корупција, Мицкоски нека погледне околу себе – во сопствените редови и во институциите со кои управува. Кога премиерот прашува каде е корупцијата, одговорот е поблиску отколку што сака да признае: таму каде што е неговата власт!

Back to top button
Close