Министерката за финансии негира дека Славески ја консултирал за влезот на „Алта банка“ во Македонија

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска тврди дека Министерството за финансии не било информирано за преговорите за влез на „Алта банка“ на македонскиот пазар, ниту за заинтересираните институции за преземање на Стопанска банка Битола.

Таа ги отфрли тврдењата дека била меѓу лицата со кои гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, се консултирал за ова прашање. Славески неодамна изјави дека, иако Народната банка е независна институција, сепак разговарал и со Владата.

Кочоска, пак, вели дека Министерството немало никаква комуникација со гувернерот во врска со влезот на банката и дека не знаеле ниту за преговорите ниту за други заинтересирани купувачи.

Таа посочи дека и за актуелните случувања со „Алта банка Битола“ главно се информира преку медиумите. Сепак, не очекува случајот да ја наруши стабилноста на банкарскиот систем, бидејќи банката има мал удел во вкупниот сектор. Според неа, штедачите треба да бидат спокојни.

Кочоска најави дека во текот на денот ќе оствари средба со гувернерот Славески.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close