Вулин сепак стигна во Москва – тврди дека не избегал и ги обвинува медиумите за ширење лаги
Лидерот на српското Движење на социјалистите и поранешен висок државен функционер, Александар Вулин, во видеообјава на социјалните мрежи негира дека избегал во Москва, обвинувајќи ги за ширење лаги оние што објавиле дека авионот со кој патувал бил вратен во Белград поради безбедносна проверка на неговиот рачен багаж.

Во видеообјавата на Инстаграм, Вулин се обраќа од „Црвениот плоштад“ во Москва, каде што во позадина се гледа црквата „Свети Василиј“, тврдејќи дека тој не побегнал никаде. Додава дека човек никаде не може да замине без своето семејство.
„Јас никаде не отидов, јас никаде не побегнав. Овие кои објавуваат твитови очигледно немаат семејства, бидејќи во спротивно би знаеле дека без деца не можеш да одиш никаде. Без своите синови не можеш да живееш, како што не можеш да живееш ни без Србија“,вели Вулин.
Тој упатува критики до медиумите кои објавија дека авионот со кој патувал бил вратен на белградскиот аеродром поради тоа што тој не ја поминал безбедносната проверка. Вели дека тоа била ноќ на лаги, во која се ширеле информации дека, како што вели, во мал ранец носел милиони евра и десетина килограми злато.
360 степени
Македонија
Сторија
Дебата
Саботажа
Свет
Кратки видеа
За нас
Барај
Пријави Случај
Свет
Вулин се јави од Москва – тврди дека не избегал и ги обвинува медиумите за ширење лаги
360степени | 5 ноември, 2026 10:37
„Еве јас сум во Москва и сите нивни лаги за тоа како сум носел нешто забрането, дека ме фатиле со нешто, поради што вратија авион со 200 луѓе, паднаа во вода“, вели тој во објавата на Инстаграм
Лидерот на српското Движење на социјалистите и поранешен висок државен функционер, Александар Вулин, во видеообјава на социјалните мрежи негира дека избегал во Москва, обвинувајќи ги за ширење лаги оние што објавиле дека авионот со кој патувал бил вратен во Белград поради безбедносна проверка на неговиот рачен багаж.
Лидерот на српското Движење на социјалистите и поранешен државен функционер, Александар Вулин / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC
Во видеообјавата на Инстаграм, Вулин се обраќа од „Црвениот плоштад“ во Москва, каде што во позадина се гледа црквата „Свети Василиј“, тврдејќи дека тој не побегнал никаде. Додава дека човек никаде не може да замине без своето семејство.
„Јас никаде не отидов, јас никаде не побегнав. Овие кои објавуваат твитови очигледно немаат семејства, бидејќи во спротивно би знаеле дека без деца не можеш да одиш никаде. Без своите синови не можеш да живееш, како што не можеш да живееш ни без Србија“,
вели Вулин.
Тој упатува критики до медиумите кои објавија дека авионот со кој патувал бил вратен на белградскиот аеродром поради тоа што тој не ја поминал безбедносната проверка. Вели дека тоа била ноќ на лаги, во која се ширеле информации дека, како што вели, во мал ранец носел милиони евра и десетина килограми злато.
„Ова е ноќ во која покажаа колку се бескрупулозни. Ова беше ноќ на лаги, ноќ во која малтретираа неколку стотици луѓе во авионот поради нивните политички потреби“,
наведува политичарот кој одреден период беше дел од власта на поранешниот претседател Александар Вучиќ, кој на неодамнешните предвремени избори беше поразен од Студентската листа.
Во видеоизјавата Вулин вели дека во Москва ќе има состаноци со „многу важни претставници на руската држава и руското стопанство“ и дека секој од нив ќе го моли да биле благонаклонет кон Србија и да биде продолжен гасниот аранжман меѓу двете земји.
„Јас не сум оној што ќе отиде во Загреб да плука по својата земја или што ќе отрча во Брисел да плука по својата земја. Еве јас сум во Москва и сите нивни лаги за тоа како сум носел нешто забрането, дека ме фатиле со нешто, поради што вратија авион со 200 луѓе, паднаа во вода“,
Вулин се јави од Москва – тврди дека не избегал и ги обвинува медиумите за ширење лаги
„Ова е ноќ во која покажаа колку се бескрупулозни. Ова беше ноќ на лаги, ноќ во која малтретираа неколку стотици луѓе во авионот поради нивните политички потреби“,наведува политичарот кој одреден период беше дел од власта на поранешниот претседател Александар Вучиќ, кој на неодамнешните предвремени избори беше поразен од Студентската листа.
Во видеоизјавата Вулин вели дека во Москва ќе има состаноци со „многу важни претставници на руската држава и руското стопанство“ и дека секој од нив ќе го моли да биле благонаклонет кон Србија и да биде продолжен гасниот аранжман меѓу двете земји.
„Јас не сум оној што ќе отиде во Загреб да плука по својата земја или што ќе отрча во Брисел да плука по својата земја. Еве јас сум во Москва и сите нивни лаги за тоа како сум носел нешто забрането, дека ме фатиле со нешто, поради што вратија авион со 200 луѓе, паднаа во вода“вели тој.
За потсетување, во вторникот (3 ноември) доцна вечерта авион на „Ер Србија“, кој полетал од аеродормот „Никола Тесла“ за Москва, беше вратен назад во Белград, поради безбедносни причини поврзани со еден од патниците.
Порталот „Нова.рс“, повикувајќи се на свои извори, објави дека претседателот на Движењето на социјалистите, Александар Вулин, успеал да се качи во авионот без да ја помине безбедносната проверка.
Летот број ЈУ134 доби наредба за враќање назад во Белград додека се наоѓаше на југот на Литванија. Во врска случајот, истата вечер со соопштение се огласи компанијата „Ер Србија“, од каде што рекоа дека авионот е вратен откако компанијата добила информации од надлежните аеродромски служби дека е потребно спроведување дополнителни безбедносни проверки во однос на еден патник.









