БИА била тајна полиција на Вучиќ — под надзор биле и студенти, професори и синдикати, откри „Радар

Безбедносно-информативната агенција (БИА) на Србија масовно ги следела критичарите на претседателот Александар Вучиќ, меѓу кои студенти, универзитетски професори, опозициски политичари, синдикални претставници, активисти, новинари, па дури и обвинители.

Според истражувањето на српскиот портал „Радар“, судот одбил да ги продолжи мерките за таен надзор врз повеќемина бидејќи агенцијата не приложила докази за сомневањата врз основа на кои ги следела.

„Радар“ имал увид во повеќе решенија на Вишиот суд во Белград, од кои произлегува дека БИА барала продолжување на надзорот со образложенија дека следените луѓе ја загрозувале безбедноста на Србија. Во некои случаи, судот ги одбил барањата уште при првото барање за воведување мерки.

Сите барања ги потпишал директорот на БИА, Владимир Орлиќ. Според „Радар“, агенцијата најчесто користела шаблонски образложенија, без да приложи конкретни докази за наводните кривични дела. Агенцијата доставила огромен број барања до судовите во Србија, а дека дел од мерките биле спроведувани и без судско одобрение.

Меѓу оние што БИА ги следела имало студенти, професори, активисти и новинари. Според истражувањето, кај повеќе студенти, ректорот на Белградскиот универзитет Владан Ѓокиќ и кај неколку активисти бил пронајден шпионскиот софтвер „Пегаз“. Агенцијата незаконски поставувала и уреди за прислушување и снимање во амфитеатар на Правниот факултет во Белград.

„Радар“ наведува дека БИА без судско одобрение физички следела повеќе луѓе и ја пресретнувала целокупната нивна комуникација. Меѓу нив имало и новинари од редакцијата на порталот.

Еден од случаите се однесува на обвинителот Александар Барац, кој работи на истрагата за трагедијата на железничката станица во Нови Сад, позната како случај „Натстрешница“.

БИА го следела и Данило Потпариќ, шеф на кабинетот на ректорот на Белградскиот универзитет, речиси девет месеци. Во барањата за надзор агенцијата навела дека тој соработувал со професори и со луѓе кои го поддржувале студентското движење. Како сомнително го посочила и користењето заштитени апликации за комуникација на мобилниот телефон.

БИА во барањето тврдела и дека Потпариќ работел во интерес на Германија, но судот не нашол докази за овие обвинувања и одбил да ги продолжи мерките. Потпариќ за „Радар“ изјавил дека не го изненадува тоа што БИА следела луѓе од универзитетот, бидејќи институцијата била едно од главните места на отпор кон политиките на власта.

На мета и опозицијата и синдикатите

БИА го ставила под надзор и претседателот на Демократската партија, Срѓан Миливојевиќ. Агенцијата го поврзувала со движењето „Отпор“ и тврдела дека во минатото го обучувале во Унгарија и во САД за соборување на режимот на Слободан Милошевиќ. Го обвинила и дека ги координирал протестите во Србија и дека им ги отстапил партиските простории на студентите.

Надзорот го опфатил и Алекс Мијуц од здружението „ИТ Блокада“. БИА се сомневала дека тој собирал пари за студентските протести и дека им обезбедувал логистичка поддршка на активистите.

…

Повеќе

Back to top button
Close