50 серии што мора да ги изгледате во 2024 година (трет дел)

Со актерски имиња како Кејт Винслет, Софи Тарнер и Бенедикт Камбербач, сериите годинава ќе прикажат приказни од неколку добри романи, но и разни историски или научно-фантастични приказни. Прочитајте за најдобрите 50 серии кои излегуваат годинава!

Алис и Џек (Alice & Jack)

Виктор Левин, ја создава една од најинтересните серии годинава. Алис и Џек го прикажуваат текот на 16-годишната врска помеѓу Андреа Рајзборо и Домнал Глисон.

 

Алма не е нормална (Alma’s Not Normal)

Една од најдобрите комедии во 2021 година – храбарата перспектива на класите, сексуалната работа и брилијантните жени – се враќа уште повозбудлива.

Последен пат кога ја видовме Алма Нутал (исклучителната Софи Вилан), таа мораше да донесе тешка одлука дали да оди на турнеја со нејзината театарска трупа или да ги остави своите соништа настрана за да се грижи за нејзината мајка која повторно почнала да користи хероин.

Биг Муд (Big Mood)

Ова ќе биде голема година за Никола Кофлан која е и во главната улога во „Бриџертон“ во новата сезона во мај.

Исто така глуми и со Лидија Вест во серијата за две најдобри пријателки на триесетинешто години, од кои едната има биполарно растројство што може да го промени правецот на нивната врска. Ова е сензитивна и интересна серија за менталното здравје, сестринството и сè она што нè спојува.

Црни Гулаби (Black Doves)

Во оваа серија Кира Најтли ја толкува улогата на сопруга на политичар која ги пренесува сите нејзини инсајдерски информации на тајната разузнавачка организација на чело со Сара Ланкашир, додека еден шокантен чин не уништи сè.

Блуи (Bluey)

Блуи“ е серија со извонредна приказна.

Ова е шоуто што ја раскажа историјата на човештвото од праисторија до постземјена утопија во само 7 минути. Така што можеме да претпоставиме колку возбудливи ќе бидат новите авантури на кученцето Блуи и нејзината сестра.

Одземање на здивот (Breathtaking)

Ковид драма за раните денови од пандемијата и медицинските работници, базирана на мемоарите на Рејчел Кларк, докторката која ја напиша книгата Dear Life.

Денот на чакалот (The Day of the Jackal)

Засега продукцијата на оваа серија е во тајност, базирана е на класичниот шпионски роман на Фредерик Форзит, а режирана од Ронан Бенет.

Едно нешто што е неофицијално е дека Еди Редмејн ќе го глуми Чакалот.

 

 

Придобивки од попреченоста (Disability Benefits)

Ситком на Рози Џонс, за жена со попреченост која кога нејзините придобивки од државата се скратени, решава да изгради илегална мрежа за дрога.

 

Денот на Домино (Domino Day)

Нова вештерска драма за свет во кој вештерките мора секогаш да бидат дел од ковенот. Сè додека една од нив не е фатена дека работи сама – ја цица моќта од мажите додека има секс со нив.

 

Кон првиот дел

Кон вториот дел

Back to top button
Close