Новата застапничка на обвинението за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, обвинителката Спасенка Андонова, денеска упати силна порака по одложувањето на рочиштето во Кривичниот суд. Таа децидно изјави дека Обвинителството е потполно подготвено и верува во цврстината на доказите против 13-те полициски службеници обвинети за тешки дела против општата сигурност.
Иако предметот го презеде од обвинителката Ивана Трајчева, Андонова тврди дека е целосно запознаена со материјалите и нема да дозволи никакво одолговлекување на процесот.
„Секогаш кога поднесуваме обвинение, значи дека сме сериозно уверени во доказите со кои располагаме. Судот е тој што треба да ја донесе конечната одлука, но застај во постапките нема да има“, изјави Андонова пред судот.