СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Денеска на Правниот факултет во Скопје се одржува заедничко предавање на претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова и претседателот на Црна Гора – Јаков Милатовиќ, вели СДСМ.

„Но, на македонските професори од Правниот факултет во Скопје, МВР им оневозможи пристап на своите работни места, им забранани да влезат и на паркингот на Универзитетот, наводно поради безбедносни причини.

Ова е повреда на автономијата на Универзитетот, чекори кои ги преземаат само авторитарни режими.Од кого се плаши власта? Од професорите? Од студентите? Од граѓаните?

Професорите ли се закана за безбедноста на Сиљановска?

„Нарушувањето на редовното движење на кампусот и доцнењата на професорите и студентите се случуваат во тек на колоквиумската недела кога голем дел од студентите пристигнуваат од други градови. Ова е школски пример за нарушување на универзитетската автономија, чијшто дел е неповредливоста на универзитетскиот простор. Вакви гафови од кабинетот на претседателката се недозволиви, дотолку повеќе што самата таа е професорка на Правниот факултет, а и самиот министер за внатрешни работи е правник. Најмалку што може да се очекува е извинување од кабинетот на претседателката, како и објаснување од ректоратот на УКИМ за овој преседан“ реагира професор од Правниот факултет.

Досега на Правниот факултет присуствувале бројни носители на највисоките државни функции но вакво нешто не се случило.

Дали поради настаните во Србија и владата на Мицкоски е во параноја или ги спроведува истите тактики како нивната сестринска партија СНС“, се вели во соопштението.

Back to top button
Close