Нема заболени од КОВИД-19 меѓу вработените во тетовските градинки

– Нема ниту едно вработено лице заболено од КОВИД-19 во објектите на детската градинка „Младост”, соопштија од Општина Тетово по добивањето на резултатите за сите вработени. 

Заврши тестирањето на вработените и наставниците од сите градинки во состав на ОЈУГД „Младост“ во ТетовоЗа среќа, направените тестови на сите 150 вработени се негативни за КОВИД-19. Општина Тетово ги дезинфицираше и внатрешните и надворешните површини во рамки на мерките за заштита, со кои се предвидува отворање на сите градинки во земјава, соопштија од општина Тетово.

Како една од превентивните мерки, установата од 1 јуни започна со електронско поднесување на барањата за упис на нови дечиња во градинките. 

Скринингот за вработените во градинките започна на 26 мај.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close