Ахмети: Не бегав од новинарите, имав агенда

Не бегав од новинарите по распитот во зградата на СЈО за случајот „Попис“, имав агенда, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети, Тој посочи дека состаноците вчера му започнале уште од 10 часот, кога имал закажано да дојде пред обвинителката Фатиме Фетаи во врска пропаднатиот попис во 2011-та година. Затоа, тој вели дека отишол на распит час и половина порано од договореното.
-Постигнавме разбирање со обвинителството, мојата изјава да биде во осум и триесет. Жал ми е за таа тема, бидејќи нема некоја цел или позадина – рече Ахмети, додавајќи дека пратениците во Собранието се договориле пописот да се стопира за да не се создадат проблеми.






