Македонските историчари не коментираат политички изјави, бугарските не верува во решенија за еден месец

Македонската комисија за историски прашања не коментира политички изјави, по вчерашна средба на Османи со бугарскиот државен врв. Велат дека се подготвени за новата рунда разговори со своите бугарски колеги кои следниот четврток пристигнуваат во Скопје, пренесува Сител.
Во пресрет на новата средба пак предводникот на бугарската комисија за историски прашања вели дека вчерашната посета на Османи е порака дека разговорите треба да продолжат со посмерен тон, но по цели 11 месеци пауза, Димитров е со став дека тешко ќе биде да се постигне компромис за прашањето за Гоце Делчев.
Димитров потенцира дека историската комисија разговара за историските настани и личности. Македонскиот јазик кој е дел од меморандумот на Бугарија испратен до земјите членки на Евроспаката унија е прашање со кое треба да се занимаваат лингвистите.
По вчерашната средба со Османи во Софија, бугарската министерка за надворешни рабори испрати јасна порака, дека без напредок во разговорите на историската комисја помеѓу двете земји, Македонија не може да очекува поддршка за старт на преговорите со унијата.






