Работник загина во Колосеумот во Рим, паднал од височина од десетина метри

Трагедија се случила во римскиот Колосеум, каде што 22-годишен техничар го загубил животот при пад од височина од околу десет метри.

Несреќата се случила додека работникот поставувал нов систем за осветлување во античкиот амфитеатар. Неговата смрт ја потврдило италијанското Министерство за култура.

По несреќата, дел од Колосеумот денес е затворен за посетители. Управата на Археолошкиот парк „Колосеум“ соопшти дека, во знак на жалост, ќе биде затворен дел од вториот прстен, каде што се случила несреќата.

Италијанскиот министер за култура Алесандро Џули изрази шок и жалење поради трагичниот настан.

Колосеумот, изграден пред околу 2.000 години, бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја и денес е една од главните туристички знаменитости во Рим.

Најголемиот италијански синдикат ЦГИЛ, пак, побара целосно затворање на споменикот во знак на почит кон загинатиот работник. Од синдикатот побараа и да се разјаснат околностите под кои дошло до несреќата

Back to top button
Close