Почина доктор Трајче Нешковски, поранешен секретар на СДММ

Функционери на СДСМ преку социјалните мрежи се простуваат од доктор Трајче Нешковски, кој беше генерален секретар на СДММ, кој попладнево животот го загуби во сообраќајната несреќа на „Рузвелтова“.

– Со голема жал се простуваме од Трајче, наш партиски другар и крајно посветен доктор кој беше тука за пациентите во буквално секое време. Даваше сè од себе работејќи во ковид центарот и периодов помогна на огромен број луѓе. За нас кои го познававме загубата е голема, а уште поголема е за здравствениот систем кој загуби врвен професионалец. Почивај во мир Трајче, напиша Николовски на Фејсбук.

Back to top button
Close