Види, богати, пристоен некој нон-пејпер

Објавената неофицијална дипломатска нота (нон-пејпер) од Берлин ја соголува бугарската меѓународна позиција како сосема неодржлива во авантурата со нивното билатерално вето за македонската ЕУ интеграција. Нервозата кај г-ѓа Захариева, со дополнителни радикални изјави „по темата“, само го потврдува тоа.

Од вчера, тој нон-пејпер е пренесен во сите балкански и евро-интегративни дескови во надлежните министерства на земјите-членки на ЕУ. Впечаток е, најблаго речено, дека тоа нема да ѝ помогне на Софија во објаснувањето пред европските партнери на своите тврди антимакедонски позиции.

Во тој „непостоечки“ документ се потврдени сите важни заложби од Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, а во еден префинет германски дипломатски стил, се оставени неколку елегантни „излезни решенија“ за бугарската страна, со дообјаснувања и реафирмирани ставови со кои се засилува ставот дека Македонија не мисли да се меша во внатрешните работи на Бугарија, а дека Бугарите можат и да приложат свое еднострано толкување, како нивен став за постоењето на македонскиот јазик во Уставот на РСМ.

Тип-топ. Ниту нова „преговарачка рамка“, ниту ново „35-то поглавје“ (Радев) за македонски преговори со ЕУ.

Германците дури се понудиле и да помогнат во работата на билатералната историска Комисија, за да се постигнат побрзи резултати – тоа е одлична идеја, иако се плашам дека Германија може подоцна да зажали за оваа своја дипломатска „женерозност“. Додуша, Берлин за одредени важни периоди од македонско-бугарската историја веројатно има подобри архиви и од оние во Скопје и Софија, што којзнае како им прозвучило на „надлежните“ во Бугарија кога се вратиле од Берлин.

Целата колумна на Сашо Орданоски на „Цивил Медиа“ на следниот линк.

Back to top button
Close