Кривична пријава за гостиварец – Полицијата растури семејна веселба со 70 гости

 

Полицијата синоќа растурила семејна веселба во ресторан во селото Здуње, во сопственост на 59-годишен гостиварец.

Откако стигнала пријавата, полицајци излегле на терен и во локалот на самото место затекнале околу 70 гости.

Бил повикан и инспектор од Државниот пазарен инспекторат.

Сопственикот на ресторанот ќе добие кривична пријава за делото непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Back to top button
Close