Ирена Стефоска најави широк план за заштита на културното наследство
По седум години откако е инициран проектот за конзервација за црквата „Св.Ѓорги“ во Курбиново, конечно почна и реализацијата конзервација на архитектурата, изјави денеска министерката за култура, Ирена Стефоска. Таа најави и дека се работи на тоа манастирот „Св.Богородица“ во Матејче, да биде ставен како културно добро во опасност.
Министерката за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, посочи дека во овие месец и пол дена успеале да обезбедат средства за националниот конзерваторски центар веднаш да почне да работи на превентивна заштита на црвката „Св. Богородица“ во селото Матејче, да се заштити од надворешни влијанија, сѐ до моментот кога ќе почне да се работи на крајно решавање на овој проблем.
„Заштитата на нашите културни добра мора освен надлежните институции мора да се вклучи и локалните самоуправи и се разбира имателот на сите овие добра, во случајов зборувам за МПЦ. Апелирам сите страни да го понесат својот дел од одговорноста ако сакаме да направиме максимално професионален систем на заштита“, рече министерката.
Таа велидека за следната година обезбеден е буџет од околу 105 милиони денари само за заштитата на културното наследство, а дека оваа година средствата изнесувале 70 милиони. Во просек минатите десет години и повеќе просекот за заштита бил 40 до 60 милиони денари.