Во Белата куќа средба Трамп – Шји


Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска се сретна со кинескиот колега Шји Џинпинг во Белата куќа.

Тоа е прва посета на Шји на Вашингтон по повеќе од една деценија.

Кинескиот претседател по доаѓањето во Белата куќа наведе дека Пекинг и Вашингтон имаат „историска одговорност“ за напредокот на човештвото и оти мора да ја „интензивираат својата комуникација“.

Трамп посочи дека им следат разговори за „жешки теми“ – безбедност и вештачката интелигенција.

Американскиот претседател на социјалната мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) објави дека со Шји ќе разговара за „суперинтелигенцијата“, како што ја нарекува вештачка интелигенција, но дека не очекува големи промени во политиката.

Суперинтелигенцијата ќе биде голема тема на разговор, но сакам да остане токму таму каде што е. Тоа исто така е и кинески став, наведе Трамп.

Back to top button
Close