Фајзер поднесе барање за авторизација на вакцината во ЕУ

Фармацевтската компанија Фајзер/БиоНТех соопшти дека денес поднела барање до Европската агенција за лекови (ЕМА) за авторизација на нејзината вакцина до крајот на оваа година, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската агенција за лекови порача дека во наредниот период ќе го разгледува ова барање и дека ако заклучи дека бенефитите од вакцината ги надминуваат ризиците, таа ќе даде одобрување за условна комерцијализација , со што би можело до крајот на оваа година вакцината на Фајзер да биде пуштена во промет.

Фајзер/БиоНТех и Модерна се првите компании кои најавија дека развиле вакцина против Ковид-19, вакцината на Фајзер има ефикасност од 95 отсто, соопшти фирмата.

Модерна исто така поднела барање во ЕУ, а истовремено и во САД.

АстраЗенека е третата фирма што разви вакцина со висок степен на ефикасност. Агенцијата за лекови на ЕУ порача дека е во процес на постојана анализа на вакцините. Само со зелено светло од ЕМА може да вакцините да се комерцијализираат на европскиот пазар.

Back to top button
Close