Заев: Бучковски треба да биде мотиватор за спроведување на Договорот со Бугарија

 Премиерот Зоран заев денеска изјави дека специјалниот претставник на Владата за Бугарија Владо Бучковски треба да биде само мотиватор за спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство, а оти преговорите за изнаоѓање решение и натаму ќе ги води Министерството за надворешни работи.

-Бучковски како специјален претставник на Владата треба да биде оној кој ќе биде мотиватор на реализцијата на договорот. Преговорите ги води МНР на чело со министерот Бујар Османи, државниот секретар и кабинетот. Вклучен е и вицепремиерот за европски прашања кој е во контакти со европските министри задолжени за европски прашања и мојот кабинет со нашиот иден амбасадор во НАТО Дане Талески кој од почетокот е во овие разговори, рече Заев.

Тој истакна дека деновиве се прават напори да се изнајдат решенија, иако како што рече, го подготвивме народот дека постои можност да не се усвои преговарачката рамка, а со тоа да не се даде можност да се одржи првата меѓувладина конференција.

-Сепак стратегија на државата, лично моја посветеност и на сите министри е дека треба да продолжиме да разговараме во најмала рака да создаваме атмосфера и да отрстрануваме пречки за следното лето, но ако може тоа да го постигнеме и сега би требало да правиме напори до последен момент, истакна премиерот Зоран заев одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на фотонапонската централа на „ЕВН Македонија“ АД, Скопје во населеното место Војшанци, Неготинско.

Имеуван е, како што додаде, за една година, со тоа што ќе работи навистина на реализација на акцискиот план за поуспешно спроведување на Договорот со Република Бугарија.

Back to top button
Close