Манчестер Јунајтед веќе има наследник за Керик

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Мајкл Керик во продолжение од сезоната ќе ја води екипата на Манчестер Јунајтед под голем притисок. По поразот во градското дерби од Манчестер Сити (0:1) управата на клубот веќе подготвуваат ново име на Олд Трафорд.
Според информациите од Италија, раководството на клубот веќе има листа на имиња за замена на Керик, кој имаше одлична полусезона во ланскиот шампионат. Се споменува името на Антонио Конте.
Инаку, Керик го презеде Манчестер Јунајтед во јануари 2026 и успеа сезоната да ја заврши на третото место и да избори пласман во Лигата на шампионите.
Новата сезона не ги носи посакуваните резултати за „црвените ѓаволи“ и прашање е колку време ќе чека управата да се стабилизира играта и да има посакувани резултати.
Конте во моментов е без клуб, откако лани ја предводеше екипата на Наполи. Тој со Челзи во 2017 година ја освои титулата во Премиер лигата, а со Јувентус освои три последователни титули првак на Италија и една во 2021 година со Интер и една со Наполи во 2025 година.
По викенд колото во Премиер лигата ќе следува и пауза за настапите на репрезентациите.






