Почина поранешниот претседател на Уругвај
Поранешниот претседател на Уругвај, Табаре Васкес почина на 80-годишна возраст откако ја загуби битката со рак на белите дробови, напиша денеска на Твитер неговиот син Алваро Васкес.
Табаре Васкес беше претседател на јужноамериканската држава во периодот од 2005 до 2010 година, но и во периодот меѓу 2015 и 2020 година, а минатата година му беше дијагностициран канцер.
Неговиот син ја извести јавноста дека поранешниот уругвајски претседател починал во својот дом во Монтевидео во присуство на семејството и пријателите.
– Во име на семејството, сакам да им заблагодарам на сите Уругвајци за љубовта која мојот татко ја добиваше во текот на сите овие години, напиша Алваро Васкес