(ВИДЕО) Андоновиќ: Губење на трпение поради пандемијата предизвика убиство на невооружен цивил од страна на полицијата

Неколку стотици демонстранти синоќа протестираа на улиците на албанската престолнина Тирана поради убиството на 25 годишниот Клодијан Раса, кој беше застрелан од страна на полицијата. Инцидентот се случил кога Раса за време на полицискиот час бил забележан на улиците околу 22 часот и откако не застанал на повикот на полицискиот службеник, бил брутално застрелан. Неговото семејство и очевидците обвинија дека Раса излегол да купи цигари и дека најверојатно не го слушнал повикот да застане туку продлжил. Полицскиот спецјалец наместо да го повика повтрно брутално го убил, обвинија од семејството на настраданиот. Засега не е јасно зошто приапдникот на спецјалните полициски сили пукал во Раса. настанот предизвика општо незадовлство и протести кај граќаните на Тирана кои синоќа протестираа пред министерството за внатрешни работи барајки оставка од страна на актуелниот министер за внатрешни и на премиерот Еди Рама.

Но вистински насислтва и судири се случија откако демонстрантите се доближија кон зградата на албанската влада сакајки насилно да влезат во неа Во неколку наврати, пред се пред Владата, каде има полициски кордон, имаше судир меѓу полицијата и учесниците во протестот, но и меѓу самите демонстранти. . Поради тензичната ситуација мораше да интервенира специјалната полициска единица за брзи интервенции, а на владината зграда состојбата ја набљудуваат и припадници на националната гарда и други полициски структури. Беше употребен и солзавец, особено кога демонстрантите успеаа да го пробијат полицискиот кородон Учесниците фрлале тврди предмети врз Владата извикувајќи „Сакаме правда, Рама оди си“

Во демонстрациите имало повредени, повеќето полицајци, при што тројца потешко повредени биле пренесени во болница Протестите се случуваат во време која , премиерот на Албанија, Еди Рама, е во САД на средби со претставниците на компанијата Фајзер, со која се обидува да постигне договор за набавка на вакцината. Во Албанија се воведени ограничувања на јавни собири, задолжително носење заштитни маски и ноќен полициски час, поради пандемијата.

Утрински брифинг

Back to top button
Close